
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Монделез Интернешнл“ го именуваше Петар Согиндолски за нов директор за работењето во Романија, со почеток на мандатот од 1 ноември 2026 година, пренесува Retail FMCG.
Согиндолски има речиси 20 години искуство во поттикнување на деловниот раст на компаниите, а неговата кариера во „Монделез“ опфаќа низа локални, регионални и глобални позиции во различни категории производи и деловни функции.
Неговата последна функција беше потпретседател за маркетинг во „Монделез Франција“.
„Романија има посебно место во мојот професионален пат. Тука живеев и работев на почетокот на кариерата и враќањето во овој регион за мене претставува враќање дома. Се приклучувам на силен тим на пазар со голем потенцијал“, изјави Петар Согиндолски.
Тој истакна дека фокусот на компанијата ќе биде насочен кон развојот на категоријата грицки, преку дополнително зајакнување на партнерствата со трговците и дистрибутерите.
„Ќе се фокусираме на развојот на категоријата грицки преку понатамошно зајакнување на партнерствата со трговците и дистрибутерите, поставување јасни приоритети, концентрирање на помал број иницијативи што ќе ги спроведуваме поквалитетно и градење високоефикасен тим“, додаде Согиндолски.
На оваа функција Согиндолски ја наследува Матеја Подгорник, која по три години на позицијата директорка за Романија и Словенија презема нова улога – директорка за извонредност во пазарниот пласман за регионот на Јужна и Централна Европа.
На новата позиција Подгорник ќе биде одговорна за дефинирање на начинот на кој производите на „Монделез“ стигнуваат до потрошува