
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
M&S Food ја прошири соработката со платформата Too Good To Go и отсега во повеќе од 350 продавници низ Велика Британија ќе нуди пакети-изненадувања со вишок пекарски производи по намалени цени.
Too Good To Go е најголемата светска апликација за спасување вишоци храна, а новото партнерство им овозможува на купувачите да набават квалитетни производи по значително пониска цена и истовремено да придонесат за намалување на отпадот од храна. Воведувањето на услугата на национално ниво следува по успешниот пилот-проект во избрани продавници и претставува дел од пошироката стратегија на M&S Food за намалување на фрлањето храна.
Пакетите ќе содржат пекарски производи подготвени во продавниците, вклучувајќи печива, колачиња и леб. Секој пакет ќе содржи три до четири производи со редовна малопродажна вредност од најмалку 10,20 фунти, додека купувачите ќе плаќаат само 3,80 фунти.
Нарачките се вршат преку апликацијата Too Good To Go, а подигнувањето е достапно од понеделник до сабота, еден час пред затворањето на продавницата.
„Too Good To Go е одличен пример за тоа како нашата посветеност на намалувањето на отпадот од храна ја претвораме во конкретни активности. Нудејќи им на купувачите пакети со вишок пекарски производи, овозможуваме поголем дел од храната да биде искористен. Реакциите на купувачите за време на пилот-проектот беа исклучително позитивни, а ова партнерство претставува уште еден важен чекор кон нашата цел до 2030 година да ја преполовиме количината фрлена храна“, изјави Лусинда Лангтон, директорка за одржливост во M&S Food.
Иницијативата е дел од програмата за одржливост Plan A, преку која „Маркс & Спенсер“ има цел до 2030 година да ја преполови количината отпад од храна и да го зголеми искористувањето на вишоците храна што сè уште се погодни за консумирање.
Компанијата неодамна објави дека преку соработката со организацијата Neighbourly до хуманитарни организации донирала повеќе од 130 милиони оброци обезбедени од вишоци храна.
M&S спроведува и низа други активности за намалување на отпадот. Вишокот леб се користи за производство на замрзнат леб со лук, презреаните банани се продаваат по намалени цени, а непродадените производи пред крајот на денот добиваат дополнителни намалувања за да се зголеми веројатноста за нивна продажба.
Компанијата наведува и дека ниту еден прехранбен отпад не завршува на депонија. Храната што повеќе не е погодна за употреба се користи за производство на обновлива енергија преку анаеробна дигестија.