
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во сабота започнува Октоберфест, глобално најпознатиот фестивал на пивото. Познатата литарска кригла ќе чини само нешто повеќе од минатата година, но долгорочната споредба многу подобро ја илустрира инфлацијата, пишува dpa.
Посетителите на претстојниот фестивал за една кригла пиво во просек ќе плаќаат 15,61 евро, односно 2,4% повеќе од минатата година. Ова зголемување е пониско од стапката на општата инфлација.
Сепак, истата кригла ќе чини петпати повеќе од 1985 година, кога нејзината цена изнесувала 3,20 евра, што претставува раст од 400%, посочи во својот блог главниот економист на „Уникредит банка“ во Германија, Андреас Рес.
Ова поскапување значително ја надминува општата стапка на раст на цените во Германија во изминатите четири децении, која изнесува околу 120%, наведува Рес.
Тој го поставува и прашањето дали овогодишното поскапување на пивото, кое е под стапката на инфлација, претставува сигнал дека Октоберфест ја преминал точката во која повисоките цени почнуваат посилно да влијаат врз намалувањето на побарувачката.
Според него, можно е врвот на „Октоберфест-инфлацијата“ веќе да е поминат. Сепак, економистот додава дека веројатно никој не би требало со сигурност да се обложи на такво сценарио.
Податоците за цените на пивото Рес ги добил од Заводот за статистика на Минхен.