
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонската групација на меѓународни шпедитери и логистички оператори – „МИФА“ годинава за првпат е партнер на LOGISTICS EXPO – TRUCK & VAN EXPO 2026, еден од позначајните регионални саеми посветени на логистиката, транспортот и синџирите на снабдување. Настанот ќе се одржи од 16 до 18 октомври 2026 година во Меѓународниот саемски и конгресен центар во Солун, Грција.
Во услови кога глобалната трговија и логистичките текови минуваат низ значајна трансформација, Солун сè повеќе ја зацврстува својата позиција како важен логистички центар за Балканот и Југоисточна Европа.
„МИФА“ на саемот ќе учествува со своја делегација, која ќе ги следи активностите и ќе оствари средби со претставници на логистички компании и партнери од регионот. Групацијата ќе биде дел и од LOGI.C Conferences, конференциската програма што ќе се одржува паралелно со саемот.
Како говорник на конференцијата ќе настапи и претседателот на „МИФА“, Карло Змајшек, кој ќе има можност да ги претстави искуствата и перспективите на македонскиот транспортен и логистички сектор пред меѓународна публика.
LOGISTICS EXPO THESSALONIKI 2026 е наменет за компании и професионалци од областа на шпедицијата, 3PL и 4PL услугите, транспортот, магацинското работење, управувањето со возни паркови, ИТ-решенијата и автоматизацијата на синџирите на снабдување.
Настанот овозможува директни средби со регионални B2B партнери, добавувачи и купувачи, како и можност за воспоставување нови деловни соработки и проширување на активностите на компаниите на пазарите во регионот.
Посетителите ќе можат да се запознаат и со најновите WMS и TMS системи, решенијата за предвидување на побарувачката со помош на вештачка интелигенција, IoT-технологиите за следење на пратки и возила, како и со современи алатки за автоматизација на логистичките процеси.
Посебен акцент ќе биде ставен и на електрификацијата на комерцијалните и тешките товарни возила, ефикасниот прекуграничен транспорт и решенијата за „last-mile delivery“.
Меѓу главните категории што ќе бидат претставени на саемот се напредни решенија за логистика и управување со синџири на снабдување, шпедиција, 3PL и 4PL услуги, поморски и воздушен карго-транспорт и прекугранични транспортни мрежи.
Во делот на интралогистиката ќе бидат претставени паметни магацински системи, автоматизирани возила со навигација – AGV, системи за сортирање и современи решенија за пакување.
На саемот ќе бидат изложени и комерцијални и професионални возила, електрични комбиња, тешки товарни возила и решенија за испорака до крајниот корисник.
Значаен сегмент ќе бидат и ИТ-решенијата од новата генерација, вклучително WMS и TMS софтвер, аналитика базирана на вештачка интелигенција, IoT-уреди и платформи за дигитална безбедност на синџирите на снабдување.
Учеството на „МИФА“ како партнер на годинешното издание претставува можност македонскиот логистички и шпедитерски сектор дополнително да се поврзе со компании од Грција и поширокиот балкански регион, како и да ги следи новите технологии и трендови што го менуваат современиот транспорт и логистика.