
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Марија Талеска Велковски се приклучи на „Нелт“ на позицијата регионална директорка на „Нелт Фармасјутикалс“. Во оваа улога ќе биде одговорна за развојот и управувањето со работењето на пазарите во јадранскиот регион, поврзувајќи ги тимовите, искуствата и деловните приоритети преку заеднички регионален пристап.
Талеска Велковски носи повеќе од 24 години искуство во фармацевтската индустрија, стекнато на пазарите на Западен Балкан, Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.
Во текот на кариерата управувала со различни фармацевтски портфолија, вклучувајќи иновативни, биослични, генерички и OTC лекови.
Особено искуство има во воспоставување деловно работење на нови пазари, развој на стратешки партнерства и управување со сложени регулаторни процеси, тендери и системи за рефундација на лекови. Работела во меѓународни и матрични организации, усогласувајќи ги деловните приоритети на различни пазари и соработувајќи со највисоките нивоа на раководство.
На новата позиција, Талеска Велковски ќе биде фокусирана на развојот на регионалната стратегија на „Нелт Фармасјутикалс“, одржливиот раст, развојот на стратешки партнерства и унапредувањето на деловните перформанси. Нејзините одговорности ќе опфаќаат и понатамошно поврзување на пазарите во рамките на јадранскиот регион на „Нелт“, како и размена на знаења, искуства и капацитети кои можат да придонесат за развојот на работењето.
„Задоволство ми е што се приклучувам на тимот на „Нелт“ и што со моето искуство ќе придонесам за понатамошниот развој на работењето во регионот. Верувам дека искуството на нашите тимови, силните партнерства и потенцијалот што веќе го имаат пазарите во јадранскиот регион на „Нелт“ претставуваат добра основа за уште посилен раст. Со нетрпение очекувам заедно да го искористиме тој потенцијал и да создаваме долгорочна вредност за „Нелт“, нашите партнери и пазарите на кои работиме“, изјави Талеска Велковски.