
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По успешниот пилот-проект, трговскиот синџир „Кауфланд“ и дигиталната платформа „Волт“ (Wolt) официјално започнаа стратешка соработка во Чешка, овозможувајќи им на купувачите да нарачуваат производи од „Кауфланд“ преку апликацијата Wolt.
Податоците од пилот-фазата, спроведена во продавниците во Прага, покажале дека купувачите преку апликацијата Wolt нарачуваат целосни семејни набавки за домаќинството, со просечна вредност на кошничката од 800 чешки круни (околу 32 евра).
Најголем број нарачки се регистрирани меѓу 16:30 и 19:00 часот, односно во периодот кога граѓаните се враќаат дома и ја подготвуваат вечерата.
До крајот на ноември, услугата ќе биде достапна во 19 продавници на „Кауфланд“, во Прага, Брно, Острава, Плзењ, Оломоуц и Злин.
Заедничкиот проект овозможува преку апликацијата Wolt да бидат достапни речиси 10.500 производи од асортиманот на „Кауфланд“, од свежи печива, овошје и зеленчук до разладени производи и производи за лична хигиена и домаќинство.
Понудата се ажурира секоја недела и вклучува избрани производи на акција од промотивниот каталог, како и производи од приватната трговска марка K-Jarmark.
Во апликацијата е достапна и посебна категорија со сезонски и тематски производи.
„Во „Кауфланд“ постојано бараме начини да бидеме уште поблиску до купувачите и да им го олесниме секојдневното купување. Партнерството со „Волт“ ја поврзува нашата силна мрежа на продавници и широкиот асортиман со модерната логистика“, изјави Свен Рајнхард, генерален директор на „Кауфланд Чешка“.
Тој истакна дека пилот-проектот потврдил оти купувачите високо ја ценат оваа можност.
„Заедно ја подигнуваме достапноста на нашите продавници на ново ниво“, додаде Рајнхард.
Од „Волт“ нагласуваат дека „Кауфланд“ претставува клучен партнер и важен дел од понудата што компанијата подолго време сакала да го вклучи во својата платформа.
„Дека тоа беше вистинскиот потег покажа уште пилот-фазата. Големината на набавките и производите што купувачите ги ставаа во кошничките покажаа дека луѓето не ја користат услугата само за дополнување на залихите во последен момент, туку и за големи семејни и викенд-набавки, при што го ценат широкиот асортиман на едно место“, изјави Јакуб Кацера, директор за малопродажба за Централна Европа во „Волт“.
Според него, со официјалното започнување на услугата се отвора уште поголем потенцијал за развој на соработката.
„Задоволство ни е што на купувачите им заштедуваме време и енергија во секојдневниот живот“, додаде Кацера.