
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Хенкел“ годинава одбележува 150 години работење. Компанијата, основана во 1876 година, низ годините се развила од мала компанија во еден од глобалните играчи во сегментите на потрошувачки брендови, лепила и технологии, додека во Хрватска е присутна повеќе од 30 години.
Јубилејот се одбележува под слоганот Pioneers at heart for the good of generations, со кој компанијата ја нагласува својата насоченост кон иновации, одговорно работење и развој на решенија за сегашните и идните генерации.
„Одбележувањето 150 години работење е огромно достигнување, но и голема одговорност. Во текот на сите овие години, „Хенкел“ остана верен на вредностите врз кои е изграден: иновациите, партнерствата и одговорното работење. Токму благодарение на тоа, нашите производи и технологии денес се дел од секојдневието на милиони луѓе низ светот. Сепак, ниту една од овие пресвртници не би била можна без вработените, кои со своето знаење, посветеност и претприемачки дух го градеа „Хенкел“ низ децениите. Затоа, оваа годишнина е, пред сè, признание за луѓето кои стојат зад нашите успеси и потврда дека токму врз овие вредности сакаме да ја градиме иднината“, истакна Марко Минтас, претседател на Управата на „Хенкел Адриа“.
„Хенкел“ е присутен во Хрватска повеќе од три децении, во текот на кои го развивал своето работење и соработката со купувачите, деловните партнери и локалната заедница.
Компанијата денес работи преку сегментите Потрошувачки брендови и Лепила и технологии, а во нејзиното портфолио се наоѓаат брендовите Persil, Schwarzkopf, Perwoll, Syoss, Somat, Bref, Pattex, Ceresit и Loctite.