
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Данон“ ја отвори најголемата производна линија за медицинска исхрана во Франција, во својот погон во Стенворд, во рамките на инвестиција вредна 70 милиони евра.
Проектот, започнат во 2024 година, вклучува и котел на биомаса, пуштен во употреба во февруари 2026 година, кој придонесува за значително намалување на јаглеродниот отпечаток на локацијата.
Со капацитет од речиси 20 милиони литри орални нутритивни додатоци годишно, новата линија ќе произведува речиси 150 производи од асортиманот Fortimel. Тоа е најголемата производна линија за медицинска исхрана во Франција, како според производствениот капацитет, така и според големината.
Со оваа инвестиција, Стенворд станува една од водечките европски локации за специјализирана исхрана, обединувајќи три стратешки производствени активности: формули за доенчиња, медицинска исхрана и специјални млечни состојки произведени со помош на напредни технологии за филтрација развиени во последните години.
„Стенворд ја претставува глобалната стратегија на „Данон“ за унапредување на здравјето преку храната: инвестирање во науката, производството и локалните екосистеми со цел да се развива специјализираната исхрана и да се помогне во справувањето со некои од најважните здравствени предизвици во сите фази од животот“, изјави Антоан де Сен-Африк, извршен директор на „Данон“.
Инвестицијата дополнително го зајакнува присуството на „Данон“ во регионот О-де-Франс, кој претставува историски важно подрачје за групацијата и значаен регион за производство на млеко. Погонот соработува со повеќе од 400 партнерски фарми, додека откупот на млеко во регионот е зголемен шестпати за четири години, придонесувајќи за развојот на локалниот млечен сектор и поддржувајќи го индустрискиот, здравствениот и економскиот суверенитет на Франција.
Со 115 години индустриска историја, локацијата денес обезбедува повеќе од 400 директни работни места. Заедно со млекарницата „Бајел“ и логистичкиот центар „Лилпарк“, „Данон“ вработува повеќе од 700 луѓе во регионот.