
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фортенова група“ и компанијата „Алта Ритејл“ склучија договор за купопродажба на деловните удели во „Идеа маркети“, а трансакцијата опфаќа и преземање на уште четири компании од „Фортенова група“, чие работење е поврзано со малопродажните активности во Србија.
Станува збор за „Ена Фрут Гроцка Белград“, снабдувач со овошје и зеленчук, „Супер картица Белград“, која управува со програмата за лојалност, „М-Профил СПВ Белград“, компанија за недвижности, и „мСтарт Бизнис Солушнс Белград“, која обезбедува ИТ-решенија.
„Стратегијата на „Фортенова група“ во малопродажбата е да бидеме водечки трговец на пазарите на кои работиме. За постигнување на таа цел во Србија потребни ни се значителни инвестиции во долг временски период, и тоа на пазар кој има своја специфична структура и динамика. Поради тоа донесовме одлука да излеземе од малопродажниот бизнис во Србија. Тоа ни ги зголемува капацитетите и фокусот за долгорочно зајакнување на нашите позиции на пазарите на кои веќе имаме водечки позиции и кои главно се поврзани со еврото како валута. Сакам да им се заблагодарам на вработените во овие компании за посветената работа, придонесот кон „Фортенова група“ и нивната посветеност на одржувањето на нашите заеднички вредности. Новиот сопственик сега има можност да го подигне работењето на повисоко ниво, а ние, како партнер, им посакуваме успех во тоа“, изјави Фабрис Перушко, член на Управниот одбор и главен извршен директор на „Фортенова група“.
„Идеа маркети“ е еден од најголемите малопродажни синџири во Србија и работи преку три брендови – Idea, Mercator и Roda, чија малопродажна мрежа опфаќа повеќе од 80 градови и населени места во земјата.
„Алта Ритејл“ работи во рамките на „Алта група“. Како што се наведува во соопштението, групацијата преку долгорочна стратегија за развој и инвестиции континуирано го проширува своето работење и гради одржливи платформи за раст во различни сектори на економијата, потпирајќи се на долгорочна визија, оперативна извонредност и одговорно управување.
Инвестицијата во малопродажниот сектор за компанијата претставува значаен чекор кон понатамошна диверзификација на работењето и, како што истакнуваат од компанијата, потврда на определбата за инвестирање во компании со силни пазарни позиции, препознатливи брендови и значителен потенцијал за понатамошен развој.
„Ова е клучен чекор во развојот на „Алта Ритејл“ и еден од најголемите деловни успеси на нашата компанија на српскиот пазар. Преземаме компании кои со децении уживаат голема доверба кај потрошувачите, имаат силни пазарни позиции и тимови чие знаење, посветеност и професионалност изградија респектабилни резултати. Покрај инвестицијата во деловниот систем, ова пред сè е инвестиција во луѓето, развојот и иднината на домашната трговија. Нашата намера е да отвориме ново поглавје на раст преку модернизација, подобрување на процесите и иновации, со целосно почитување на идентитетот, вредностите и традицијата што брендовите Idea, Mercator и Roda со години ги градат на пазарот. Цврсто веруваме дека домашниот капитал треба да биде движечка сила во развојот на најголемите економски системи и создавањето нова вредност за вработените, партнерите, локалните производители и купувачите. Оваа трансакција ја потврдува нашата долгорочна определба да инвестираме во Србија, да ја зајакнуваме домашната економија и да градиме компании со силата на регионални лидери“, изјави Бранислава Косовац, директорка на „Алта Ритејл“.
Трансакцијата ќе биде завршена по исполнувањето на сите услови дефинирани во продажната документација, се наведува во соопштението на „Фортенова група“.