
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Продавницата на dm во Градскиот трговски центар во Скопје повторно ќе ги отвори вратите за купувачите на 24 септември во 9 часот, по неколкунеделно реновирање на продажниот простор.
По повод повторното отворање, од 24 до 26 септември ќе важи попуст од 15 отсто на целиот асортиман во продавницата.
На самиот ден на отворањето, 24 септември, за купувачите се предвидени и дополнителни подароци. За сметка над 499 денари ќе се добива Balea гел за туширање, за сметка над 699 денари – торба за пазарување, додека за сметка над 1.999 денари е предвиден подарок пешкир. Подароците ќе се доделуваат до исцрпување на залихите.
Повторното отворање ќе биде одбележано и со донација за ЈУДГ „25 Мај“, како дел од активностите на компанијата за поддршка на локалната заедница.
Реновирањето на продавницата во ГТЦ е дел од континуираното унапредување на продажните простори на dm, со цел на купувачите да им се обезбеди помодерно и попријатно искуство при пазарувањето.
Во обновената продавница ќе биде достапен асортиманот на производи за нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхраната, како и производи за хигиена во домот и нега на алиштата.
Во понудата се и сопствените трговски марки Balea, alverde, dmBio, babylove и Denkmit, како и останати производи од редовниот асортиман на dm.
Реновираната продавница се наоѓа на досегашната локација во ГТЦ во центарот на Скопје.