
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Федералното здружение за патен транспорт, логистика и рециклирање побара од владата конкретни мерки за намалување на притисокот врз трошоците врз компаниите
Германските транспортни компании испратија отворено писмо до канцеларот Фридрих Мерц поради наглиот пораст на цените на дизел горивото, предупредувајќи дека растечките трошоци вршат сериозен притисок врз транспортниот и логистичкиот сектор.
Федералното здружение за патен транспорт, логистика и рециклирање (BGL) објави на 16 септември дека малите и средните транспортни компании, поради нивните традиционално ниски маржи на профит, се помалку способни да издржат долгорочен раст на трошоците. Здружението изјави дека за да се зачува понудата и конкурентноста на германската економија, потребни се конкретни политички услови што би го ублажиле растот на трошоците.
Според BGL, со возен парк од 50 камиони, зголемувањето на цените на горивото многу брзо доведува до дополнителни годишни трошоци што достигнуваат седумцифрена бројка.
BGL проценува дека самото намалување на данокот на додадена вредност нема да им донесе доволно олеснување на компаниите, бидејќи ДДВ, како што наведуваат, е данок што поминува низ деловниот процес и не претставува директно намалување на трошоците на превозникот.
Затоа, здружението ја повикува германската влада да се фокусира на мерки што директно би го намалиле финансискиот товар врз транспортните компании, пренесува Политика.