
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Комисијата за заштита на конкуренцијата постапувала и дала зелено светло за купопродажбата на „Тинекс“. Таа утврдила дека концентрацијата нема да доведе до ефективно нарушување на конкуренцијата на пазарот.
„Се утврдува дека концентрацијата со која ‘Проекс интернационал Л.Л.Ц.’ со седиште на Фехми Љадровци 32, Приштина, Косово, има намера да стекнe контрола врз Друштвото за трговија на мало ‘ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје’ со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр. 16-1-мансарда 1, Скопје, иако потпаѓа под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата нема да има за последица значително спречување, ограничување или нарушување на ефективната конкуренција на пазарот или на негов суштински дел, особено како резултат на создавање или зајакнување на доминантната позиција на учесниците и е во согласност со одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата во смисла на член 19 став (1) точка 2) од Законот за заштита на конкуренцијата“, пишува во Решението од Комисијата.
Во Решениeто пишува дека е стекната согласност за продажба на супермаркети што моментално ги управува ‘ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ’ експорт-импорт Скопје под називите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“ („Бизнис“).
„Проекс групата“ покрива широк спектар на активности, вклучувајќи увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, управување со синџири на супермаркети, трговија со прехранбени и хигиенски производи, логистички услуги, како и трговија, складирање и дистрибуција на нафтени деривати.
„Проекс интернационал Л.Л.Ц. и групата на која припаѓа Проекс интернационал Л.Л.Ц. немаат поврзани субјекти регистрирани во Република Северна Македонија, ниту оствариле било каков приход на пазарот во Република Северна Македонија во 2025 година“, потенцира Комисијата.
Комисијата дала позитивно решение и за парфееми „Космо“, кој заедно со залихите и целиот инвенатр стануваат сопственост на компанијата „Јасмин“ од Белград која исто се занимава со овој бизнис.