
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од 23 септември Хрватска ќе дава посебен вид визи за транспортерите од Македонија и од земјите од Западен Балкан за олеснување на транспортот и престојот – изјави Биљана Муратовска од здружението „Макам-транс“.
Сепак, проблемот со правилото 90/180 останува отворен и тој ќе се решава билатерално, со секоја земја од шенген-зоната, вели Муратовска.
Професионалните возачи од Западен Балкан, меѓу кои и македонските, се соочуваат со ограничувањето во земјите од шенген-зоната, каде им е дозволено да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. Ова предизвика големи проблеми во изминатите месеци, а властите и покрај бројните најави, не успеаја да најдат решение.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, неодамна најави дека Австрија е следната држава која многу бргу ќе воспостави долгорочни визи за професионалните возачи, уверува министерот за транспорт и врски. Покрај Австрија, се преговара и со Германија, Унгарија и Словенија, а веќе се склучени три такви договори и тоа со Хрватска, Романија и Швајцарија, рече тој.
„Имајќи предвид дека беа препознаени како професионалци, сега може да добиваат долгорочни визи и затоа ние мора да работиме со што повеќе држави да постигнеме ваков договор. Тоа е единственото решение. Има неколку земји членки на шенген-зоната коишто не сакаат да има заедничко решение на сите земји членки. За жал, и визните правила се правила коишто се носат со консензус на ниво на Европска Унија, односно во случајов на шенген-зоната, и затоа решението е билатерално и ние билатерално работиме“, изјави Николоски.