
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сопственикот на брендовите Jack Daniel's, Herradura и El Jimador, во првиот квартал од фискалната 2027 година оствари нето-приход од 911 милиони долари (околу 785 милиони евра), што претставува пад од 1% во споредба со истиот период од претходната година.
Оперативната добивка изнесуваше 252 милиони долари (околу 217 милиони евра) и беше пониска за 3%, додека заработката по акција се зголеми за 6%, на 0,38 долари.
„Резултатите во првиот квартал во голема мера се во согласност со нашите очекувања и дополнително ја потврдуваат нашата доверба во резултатите во текот на остатокот од годината. Иновациите остануваат важен двигател на растот. Позитивниот моментум генериран од New Mix, нашето портфолио на готови пијалаци и Tennessee Blackberry од Jack Daniel's помогна да се ублажат притисоците во другите области од работењето и ја покажа нашата способност да создаваме нови можности за раст дури и во предизвикувачко деловно опкружување“, изјави Лосон Вајтинг, претседател и извршен директор на „Браун-Форман“.
Падот на приходите, како што истакнува компанијата, првенствено бил последица на прекинот на деловната соработка со брендот Korbel, намалената продажба на употребувани буриња и послабите резултати на портфолиото на текила. Од друга страна, растот на сегментот на готови пијалаци, предводен од брендот New Mix, делумно ги компензирал овие падови.
Географски, приходите се намалиле на пазарот во Соединетите Американски Држави за 3% и на развиените меѓународни пазари за 6%, додека пазарите во развој оствариле раст од 11%. Сегментот на малопродажба во патничкиот сообраќај забележал благ пад од 1%, под влијание на геополитичките предизвици на Блискиот Исток и послабата продажба на брендот Gin Mare.
Маржата на бруто-добивката се зголемила за 0,4 процентни поени и достигнала 60,2%, благодарение на пониските оперативни трошоци, иако девизните курсеви имале негативно влијание.
Оперативниот паричен тек се зголемил за 13 милиони долари и достигнал 173 милиони долари (околу 149 милиони евра), додека слободниот паричен тек се зголемил за 32 милиони долари, на 161 милион долари (околу 139 милиони евра).
Приходите од виски останале на нивото од претходната година, портфолиото на готови пијалаци остварило раст на приходите од 20%, додека текилата забележала пад од 12%.
Во фискалната 2027 година, „Браун-Форман“ очекува органските приходи да останат приближно на нивото од претходната година. Истовремено, компанијата предвидува пад на органската оперативна добивка во опсег од 3% до 5%, поради и натаму предизвикувачките пазарни услови и континуираните инвестиции во раст и развој на нови производи.