
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот трговски синџир „Алди“ укинува стотици работни места во своето седиште во Велика Британија, со цел намалување на трошоците и централизација на деловните функции на меѓународно ниво, пренесува Grocery Gazette.
Компанијата во моментов спроведува консултации за планот за укинување на најмногу 150 работни места во секторот за информатички технологии, откако претходно годинава укина 103 работни места во финансиските и административните тимови.
Дополнително, укинати се речиси 20 позиции на директори за набавки, како и помал број раководни позиции на регионално ниво.
Овие промени се дел од пошироката програма за реорганизација на германската матична компанија „Алди“, која настојува да ги намали трошоците преку обединување на административните и другите функции за поддршка во рамките на меѓународното работење.
„Алди“ веќе префрли дел од активностите во областа на финансиите, набавките и администрацијата во странство, вклучително и во Индија, преку соработка со компанијата за деловни услуги „Џенпакт“ (Genpact).
Според медиумските информации, во наредните месеци се можни и дополнителни мерки за рационализација, вклучително и консултации за работните места во секторот за пресметка на плати.
Сепак, компанијата потврди дека промените не ги засегаат вработените во продавниците.
„Во рамките на нашето меѓународно работење континуирано ги преиспитуваме сите аспекти на бизнисот, со цел да обезбедиме едноставно и ефикасно работење, користејќи ги предностите на нашата глобална големина за да го исполниме тоа ветување“, изјави портпарол на компанијата.
Тој додаде дека промените се воведуваат постепено, преку консултативен процес, при што е обезбедена поддршка за вработените кои се опфатени со реорганизацијата.
Најновите промени следуваат по претходното реструктурирање на административните функции во февруари 2025 година, кога до 350 работни места беа изложени на ризик од укинување.
Според податоците на компанијата „Ворлдпанел бај Нумератор“ (Worldpanel by Numerator), продажбата на „Алди“ во Велика Британија пораснала за само 0,4% во периодот од 12 недели заклучно со 1 ноември, додека пазарниот удел на компанијата се намалил за 0,1 процентен поен на годишно ниво.
И покрај забавувањето на растот, „Алди“ соопшти дека годинава инвестирал 300 милиони фунти (околу 348 милиони евра) во намалување на цените на повеќе од 900 производи на британскиот пазар.