
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Волмарт“ го претстави својот извештај за одржливо работење за фискалната 2026 година, со посебен фокус на инвестициите во вработените, поддршката на заедниците и заштитата на природните ресурси.
„Волмарт“ настана врз едноставна идеја – да им помогне на луѓето да заштедат пари и да живеат подобро. Таа цел и денес го насочува работењето на компанијата како малопродажен систем заснован на луѓето, поддржан од технологијата и омниканалниот модел, кој секоја недела опслужува милиони купувачи низ светот. Нашата цел оди подалеку од обезбедување пристап до производи и услуги по пристапни цени. Инвестираме во нашите вработени и развиваме вештини за иднината. Им помагаме на добавувачите и продавачите да стигнат до нови пазари и да го развиваат своето работење. Преку луѓето и технологијата ја унапредуваме одржливоста на нашите операции и синџири на вредност. Секојдневно ги користиме нашите предности за да ја зајакнеме отпорноста на заедниците на кои им служиме, изјави Џон Фурнер, претседател и извршен директор на „Волмарт“.
Во текот на фискалната 2026 година, „Волмарт“ ја исполнил петгодишната обврска за инвестирање една милијарда долари во образование и професионален развој на вработените.
Компанијата ја остварила и целта да им помогне на вработените во САД да преминат на 100.000 барани работни позиции.
Биле започнати и нови програми за развој на кариерата на вработените во продавниците, меѓу кои и програмата Associate to Technician, развиена врз основа на успехот на Associate to Driver. Двете програми им овозможуваат на вработените да преминат на поодговорни и подобро платени работни позиции.
„Волмарт“ продолжил и со инвестициите во платите, бенефициите и програмите преку кои вработените можат да поседуваат акции во компанијата.
Во делот на поддршката на купувачите и заедниците, компанијата проценува дека во текот на фискалната 2026 година им заштедила на потрошувачите околу 1,64 милијарди долари благодарение на пониските цени на свежото овошје и зеленчук.
Во истиот период, „Волмарт“ донирал вкупно 1,97 милијарди долари во парични средства и производи низ светот. Во САД биле донирани 769 милиони фунти храна, главно овошје, зеленчук, месо и млечни производи, на локалните банки за храна, а компанијата дополнително инвестирала и во нивните капацитети за ладење.
Од компанијата наведуваат дека активностите поврзани со одржливоста се насочени кон зголемување на отпорноста на работењето и синџирите на снабдување, подобрување на сигурноста на набавките, поттикнување на иновациите, одржување ниски трошоци и зајакнување на довербата кај засегнатите страни.
Во текот на фискалната 2026 година, апсолутните емисии на стакленички гасови од опсег 1 и 2 биле намалени за 7,5% во однос на претходната година. Во споредба со базната фискална 2016 година, намалувањето достигнало 24,6%.
Интензитетот на оперативните емисии е намален за 11,6% на годишно ниво и за повеќе од 53% во споредба со 2016 година.
Обновливите извори обезбедувале 53,3% од вкупната глобална потрошувачка на електрична енергија на компанијата, со што бил надминат поставениот таргет за 2025 година.
Нашиот ESG-извештај за фискалната 2026 година го прикажува и напредокот што го постигнавме и работата што сè уште е пред нас. Благодарен сум им на вработените, добавувачите, купувачите и партнерите кои секојдневно придонесуваат кон оваа работа и ги повикувам сите заинтересирани да се запознаат со нашите резултати, пристапот кон создавање заедничка вредност и можностите што се пред нас, заклучи Фурнер.