
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германското здружение на трговци (HDE) и Синдикатот на полицијата (GdP), поради зголемениот број кражби во продавниците, бараат поконкретни мерки – видлив видеонадзор, формирање специјализирани обвинителства и подобра опрема за полицијата.
Германскиот малопродажен сектор поради кражби секоја година претрпува штета од околу три милијарди евра, се наведува во заеднички документ на трговците и полицискиот синдикат.
Според нив, годинава бројот на кражби достигнува рекордно ниво. Посебна загриженост предизвикуваат професионалните кражби и оние извршени од организирани групи, иако и поединечни случаи неретко предизвикуваат значителна финансиска штета.
За поефикасни истраги и кривично гонење на сторителите, HDE и GdP бараат и формирање специјализирани обвинителства.
За таа цел потребно е дополнително да се унапредат размената на информации и поврзаноста меѓу полицијата, обвинителствата и другите надлежни институции, се наведува во документот.
Трговците и полицијата бараат и појасна правна рамка за користење видеонадзор во малопродажните објекти. Тие ја повикуваат германската влада на ниво на Европската унија да се заложи за појасно толкување на регулативата за заштита на личните податоци.