InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Италијанскиот малопродажен синџир „Пјуекс“ им овозможи на потрошувачите плаќање на прехранбените производи на рати преку платформата Klarna, со што стана првиот трговец со храна во Италија што нуди ваков модел на купување, пренесува Corriere della Sera.
„Пјуекс“ управува со мрежа од повеќе од 40 продавници во регионот Лацио, главно на подрачјето на Рим, а новата услуга е интегрирана во мобилната апликација на компанијата.
На купувачите им се достапни неколку опции за плаќање – веднаш, одложено по 30 дена без дополнителни трошоци, во три месечни рати без камата или отплата во период до 12 месеци со пресметана камата.
Плаќањето се врши на каса преку QR-код, по што трансакцијата се реализира преку системот на Klarna.
Klarna е присутна на италијанскиот пазар од 2020 година, но нејзините услуги „купи сега, плати подоцна“ (Buy Now, Pay Later) досега главно беа поврзани со онлајн-трговијата.
Воведувањето можност храната и другите секојдневни намирници да се купуваат на рати предизвика и критики во Италија.
Синдикатот Lazio CGIL предупреди дека финансирањето на секојдневните набавки, како што се прехранбените производи, може да укажува на зголемени финансиски тешкотии кај домаќинствата.
Според синдикатот, фактот што граѓаните имаат потреба основните животни намирници да ги плаќаат одложено или на рати може да биде показател за сè поголемиот притисок на трошоците за живот врз семејните буџети.
Од друга страна, поддржувачите на овој модел посочуваат дека тој им овозможува на потрошувачите поголема флексибилност при управувањето со личните финансии и дополнителен избор при плаќањето на секојдневните набавки.