InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Проектот „She Goes First“ – првата регионална женска високогорска експедиција со цел искачување на врв повисок од 8.000 метри, заврши кон крајот на септември, без завршно искачување на Манаслу, поради нестабилните временски услови и откажувањето на есенската сезона.
Поради ваквата одлука, сите планинари кои во тој момент се обидуваа да го искачат осмиот највисок врв во светот, Манаслу (8.163 метри надморска височина), мораа да се вратат дома.
Меѓу нив беа и петте високогорски планинарки од Србија, Црна Гора и Хрватска – Душица Јовановиќ, Марија Секуловиќ, Далиборка Милиќевиќ, Марија Зоговиќ и Антонија Виљац.
Со поддршка на компаниите „Хенкел“, „Винербергер“ и „Банка Интеза“, експедицијата успешно напредуваше и достигна височина од 6.800 метри надморска височина, кога пристигна одлуката за затворање на сезоната.
За условите со кои се соочиле во хималајскиот масив во Непал и за тоа како ова искуство ги подготвило за следните предизвици, на прес-конференција зборуваа планинарките и нивниот ментор Драган Јаќимовиќ, првиот Србин кој го искачил Монт Еверест, како и претседателот на Планинарскиот сојуз на Србија, Ненад Лечиќ.
„Нашите прекрасни дами го постигнаа најдобриот можен резултат во дадените околности. Пораката што заеднички ја испраќаме е поважна од достигнатата височина, а тоа е дека откажувањето од искачување во планинарството не претставува неуспех, туку безбеден пат кон нови врвови“, изјави Ненад Лечиќ, претседател на Планинарскиот сојуз на Србија.
Тој истакна дека зад планинарите е специфична високогорска сезона на Хималаите и Каракорум, која поттикнува размислување за влијанието на човекот врз природата и последиците што се одразуваат врз сите сфери на животот, вклучително и врз планинарството.
Експедицијата започнала од селото Тилче, кое се наоѓа на околу 2.300 метри надморска височина.
„Пешачењето до базниот камп на Манаслу обично е проследено со лошо време, бидејќи најчесто започнува додека сè уште трае монсунскиот период. Нашата група не беше исклучок и во текот на целиот пат до базниот камп нè следеше дожд“, раскажа Душица Јовановиќ, една од учесничките во експедицијата.
Таа објасни дека по пристигнувањето во базниот камп дождот преминал во снег, но врнежите првично биле со слаб интензитет.
„Иако временската прогноза не беше идеална, ништо не укажуваше дека експедицијата би можела да биде откажана. Од базниот камп, кој се наоѓа на 4.900 метри надморска височина, ги започнавме нашите аклиматизациски искачувања, кои успешно ги завршивме, достигнувајќи ја најголемата височина во оваа сезона – 6.800 метри“, истакна Јовановиќ.
Според неа, тимот бил физички и психички подготвен за завршното искачување по краток одмор во базниот камп.
„Уживавме во секој момент и бевме подготвени за последниот предизвик. Очекувавме тајфун, но не очекувавме дека ќе пристигне со толкав интензитет и за толку кратко време“, додаде таа.
Непалската влада и Здружението на оператори на експедиции во Непал (Expedition Operators Association of Nepal – EOA) донеле одлука за прекин на понатамошните искачувања поради екстремно неповолните временски услови, неколкуте смртни случаи и лавините што ги затрупале камповите и поставените јажиња за искачување.
Со оваа одлука, експедицијата била откажана за сите 422 планинари кои годинава се обидувале да го искачат Манаслу.
„Ни беше тешко да ја прифатиме таа одлука, но природата секогаш го има последниот збор и не можеме да влијаеме врз вишата сила“, изјави Јовановиќ.
Таа упати благодарност до партнерите „Банка Интеза“, „Винербергер“ и „Хенкел“, како и до менторот Драган Јаќимовиќ, кој ги обединил учесничките околу инспиративниот проект „She Goes First“.
„Горди сме на успехот што го постигнавме и на позитивната енергија што владееше до самиот момент на евакуацијата, и покрај притисоците и објективните безбедносни ризици. „She Goes First“ е непроценливо искуство од кое произлегоа силен тим и вистинско пријателство“, нагласи Јовановиќ.
Иако експедицијата не заврши со искачување на планираниот врв, учесничките веќе поставиле нова, уште поамбициозна цел.
„Токму оваа експедиција нè охрабри дефинитивно да ја поставиме следната цел за 2027 година. Нашиот план е како женски тим од Србија и Црна Гора напролет да тргнеме кон највисокиот врв во светот – Монт Еверест“, порача Јовановиќ.