
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Марс Инкорпорејтед“ (Mars Incorporated) издвои три милиони долари (околу 2,67 милиони евра) преку својот фонд Mars Impact Fund за организацијата National 4-H Council, американска организација посветена на развојот на младите, пренесува ESM Magazine.
Целта на донацијата е да им помогне на младите при изборот на кариера во областите на прехранбената индустрија, земјоделството и ветеринарната медицина.
„Побарувачката за стручни кадри во областа на науката за храна, земјоделството и ветеринарната медицина продолжува да расте и сакаме да бидеме сигурни дека младите имаат можност да ги истражат овие кариерни патишта“, изјави Мишел Грог, извршна директорка на фондот Mars Impact Fund.
Од „Марс“ соопштија дека средствата ќе бидат распределени во период од три години, со поддршка на мрежата Cooperative Extension на организацијата 4-H.
Организацијата соработува со повеќе од 100 државни универзитети, а дел од финансирањето ќе биде насочено и кон посебни програми на шест универзитети.
Донацијата дополнително ќе ја зајакне програмата Beyond Ready, која им помага на младите да се приспособат на светот што брзо се менува.
Исто така, средствата ќе овозможат 20 целосни стипендии за млади учесници во програмата Ignite, преку која ќе имаат можност да истражуваат различни професионални можности и да учествуваат во едукативни обуки.
„Соработката со компанијата „Марс“ ни овозможува вештините потребни за кариера да ги поврземе со конкретни професионални можности и да им помогнеме на поголем број млади да откријат каде можат да ги одведат нивните интереси“, изјави Хедер Елиот, директорка за развој и маркетинг во организацијата National 4-H Council.