
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Консолидираната нето-продажба на „ИКА Групен“ (ICA Gruppen) во вториот квартал од 2026 година пораснала за 5% на годишно ниво, достигнувајќи 51,07 милијарди шведски круни (околу 4,4 милијарди евра).
Оперативната добивка се зголемила за 641 милион шведски круни (околу 55 милиони евра) во споредба со истиот период минатата година, додека паричниот тек забележал зголемување од 1,68 милијарди шведски круни (околу 144 милиони евра) на годишно ниво.
Според податоците од шведскиот индекс за малопродажба на храна (Swedish Food Retail Index – DVI), пазарот на малопродажба на прехранбени производи во Шведска пораснал за 4,2% во вториот квартал.
Продавниците на „ИКА“ оствариле раст од 4,6%, со што го надминале пазарниот просек.
Во периодот од јануари до август 2026 година, нето-продажбата на „ИКА Групен“ се зголемила за 5,3%, достигнувајќи 98,831 милијарди шведски круни (околу 8,5 милијарди евра), во споредба со 93,872 милијарди шведски круни во истиот период претходната година.
Оперативната добивка се зголемила за вкупно 727 милиони шведски круни (околу 63 милиони евра), достигнувајќи 4,329 милијарди шведски круни (околу 373 милиони евра), во споредба со 3,601 милијарда шведски круни една година претходно.
„Обновената сила во сите сегменти од работењето на „ИКА Групен“ го одбележа вториот квартал од 2026 година. Нашата добивка се подобри благодарение на здравиот раст на обемот на продажба, а растеме побрзо од пазарот, што ја потврдува довербата што купувачите ја имаат во „ИКА“ и во нашата понуда“, изјави Нина Јенсон, извршна директорка на „ИКА Групен“.
Таа истакна дека охрабрува и фактот што цените на храната се намалиле повеќе отколку што би можело да се објасни само со намалувањето на ДДВ за прехранбените производи.
„Продолжуваме да инвестираме во логистика, информатичка технологија и пониски цени, а преземаме и конкретни чекори за дополнително да ја зајакнеме нашата улога во општеството и придонесот кон подготвеноста на Шведска за идните предизвици“, додаде Јенсон.