
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Jelen ова лето, во рамките на активацијата „Jelen за јубилејци“, изненади еден од славениците со персонализирана подарочна гајба по повод неговиот 90. роденден.
Активацијата е дел од одбележувањето на 270 години пиварска традиција на „Апатинска пивара“, а Jelen во текот на годината преку различни активности ги вклучува потрошувачите во прославата на овој јубилеј.
Според компанијата, повеќе од 20.000 потрошувачи низ Србија досега преку различните активации на Jelen добиле персонализирани подароци по повод значајни животни настани. Активностите опфатиле свадби, раѓање деца, родендени и други животни јубилеи.
Меѓу учесниците е и семејството Поповиќ, кое преку активациите „Jelen за младенци“, „Jelen за татковци“ и „Jelen за јубилејци“ добило три персонализирани гајби по повод различни семејни настани.
Првата гајба пристигна по повод нашата свадба, втората сопругот ја доби кога ни се роди ќерката, а најновата непосредно пред 30. роденден на брат ми. Посебно ни значи што Jelen пронајде оригинален начин да биде дел од сите тие моменти. Денес сме горди што ги имаме сите три, бидејќи секоја нè потсетува на една убава семејна прослава, изјави Нина Поповиќ.
„Апатинска пивара“ годинава одбележува 270 години постоење, додека активацијата „Jelen за јубилејци“ продолжува како дел од активностите на брендот по повод големиот јубилеј.