
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.
Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра.
-Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра. Средствата што се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години, информира Министерството за финансии.