
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најдобрите се секогаш меѓу нас – меѓу говорниците на 8 FMCG Summit Skopje се и Сашо Димоски, кој успеа да ја изгради филијалата на „Гебрудер Вајс“ во Македонија, и Емир Жуниќ, кој имплементира иновативни технологии во синџирот на снабдување.
Трговскиот настан на годината 8 FMCG Summit Skopje, во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг, ќе се одржи повторно во живо на 27 октомври во хотелот „Александар палас“.
Сашо Димоски, генерален директор на Гебрудер Вајс – Македонија, е долгогодишен искусен менаџер за шпедиција и логистика, со повеќе од 25 години искуство во врвни логистички компании и 3PL-провајдери. Од 2009 година тој е национален и продажен менаџер за Македонија и управител на „Гебрудер Вајс“ во земјава, кој успеа да ја изгради и издигне филијалата на компанијата од нула до еден од неизбежните локални и регионални провајдери на логистички решенија.
Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/ML во Info Studio, е доктор на технички науки со десетгодишно искуство во областа на информатичката технологија, софтверското инженерство и оптимизација на деловните процеси. Во последните неколку години, тој е фокусиран на примена на вештачка интелигенција и машинско учење во индустријата. Бил говорник на повеќе од 20 Oracle конгреси и конференции низ светот, како и на еден од најголемите ИТ-собири во светот, WeAreDevelopers World Congress во Берлин во 2019 година.
Погледнете ги и другите говорници на 8 FMCG Summit Skopje, следете нè на www.instore.mk и на fmcg-summit.mk.
Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице
Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
е-пошта: info@fmcg-summit.mk