
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Актуелни и предизвикувачки теми за FMCG-индустријата ќе бидат презентирани од врвни професионалци од земјава и од регионот на 8 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи повторно во живо на 27 октомври во хотелот „Александар палас“.
Трговскиот настан на годината е во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг.
Мина Јанакиев, која е дел од „Нилсен IQ“ – Србија веќе 5 години, е консултант за анализа на продажбата за Јадранскиот Регион. Низ годините таа стекнала големо искуство работејќи на истражувања, базирани на напредна и секојдневна аналитика. На почетокот од кариерата, нејзиниот фокус е насочен кон малопродажните трговци, но со текот на времето ја прошири соработката на целата FMCG-индустрија.
Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис-развој, има повеќе од 22 години професионално искуство во FMCG-секторот, работејќи за некои од најголемите мултинационални и регионални компании во земјава на различни менаџерски позиции во одделот за продажба. Тој има големо познавање за различни категории на храна и пијалаци, различни канали на продажба на пазарот, како и за логистика. Има воспоставено долгорочни професионални врски со сите релевантни чинители на пазарот.
Ениса Селмановиќ-Салкиќе претприемач со повеќе од 16 години искуство во работа со поединци, тимови и организации во БиХ. Им помага на компаниите да се реорганизираат, да воспостават процеси и да се развиваат во насока на зголемена ефикасност и профитабилност. Преку работа на проекти и таргетирано образование, развива лидери што ги стекнуваат сите потребни знаења и вештини и знаат како да ги применат за да ги постигнат целите на компанијата.
На 8 FMCG Summit Skopje премиерно пред секторот ќе говори сопственикот и основач на „Кам“ – Гоце Камчев, а со презентација ќе се претстави и Бојан Радун, главен извршен директор на „Имлек“.
InStore во следните денови ќе продолжи да ви ги претставува и другите говорници на Самитот. Следете нè на www.instore.mk и на fmcg-summit.mk.
Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице
Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
е-пошта: info@fmcg-summit.mk