
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
АНА ЈЕЛИЧИЌ ќе биде една од говорничките на овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Таа ќе зборува на темата “Design Thinking како начин на делување“.
Како партнер на DesignThinkers Academy, Ана Јеличиќ посветува најголем дел од своето време во помагање на разни обуки, кампови и работа на проекти кои бараат имплементација на методологијата за design thinking. Целта е секогаш да се создадат и развијат процеси, производи или услуги со кои компаниите ќе станат повеќе customer-centric (клиентите и потрошувачите, центар на сите процеси).
Јеличиќ е овластен консултант за Design Thinking со искуство во човечки ресурси. Има агенција за човечки ресурси која се фокусира на мали и средни претпријатија. Таа им помага и ги олеснува процесите на креирање стратегии поврзани со вработување, обука и развој. На клиентите Ана им обезбедува и поддршка при поставување и трансформирање на нивните оддели за човечки ресурси. Ана Јеличиќ е исто така една од иницијаторите на конференцијата Inside.
InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.
Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!