
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Била“, кој работи во рамките на „Реве група“, претстави нова приватна трговска марка во Бугарија под името Običam, која обединува прехранбени производи и пијалаци создадени во соработка со локални производители.
Од компанијата истакнуваат дека новата марка ги следи вкусовите и преференциите на бугарските потрошувачи, што го потврдува и национално репрезентативното истражување спроведено од компанијата „Кантар“ за „Била“.
Според резултатите од истражувањето, 83% од потрошувачите и денес ги консумираат омилените вкусови од детството, додека 75% им даваат предност на традиционалните бугарски вкусови во однос на посовремените алтернативи.
Асортиманот на брендот Običam опфаќа широк избор прехранбени производи и пијалаци, вклучувајќи јајца и млечни производи (млеко, јогурт, ајран, сирење и кашкавал), месни деликатеси, основни прехранбени производи и мешунки, овошни џемови, пијалаци како боза и овошни сирупи, ајвар и други производи карактеристични за бугарската кујна.
Посебно место во понудата зазема лутеницата Običam, подготвена од печени пиперки, модар патлиџан, домати, сончогледово масло и зачини.
Според истражувањето на „Кантар“, токму лутеницата е производот што потрошувачите најмногу го поврзуваат со традиционалната бугарска кујна, а 76% од испитаниците ја навеле како омилен производ.
Истражувањето покажало и дека повеќе од 80% од потрошувачите, кога избираат меѓу два слични производи, му даваат предност на производот со бугарско потекло во однос на увозниот.
„Да се биде близок со своето семејство, корените и традицијата значи да се ценат вкусовите со кои сме пораснале. Бугарската кујна е дел од нашиот идентитет и носи приказни што заслужуваат да бидат зачувани и пренесени на идните генерации“, изјави Албена Георгиева, извршна директорка на „Била Бугарија“.
„Токму оваа идеја стои зад брендот Običam, кој ги обединува нашите омилени бугарски вкусови и им дава современа интерпретација. За нас ова е важен чекор во развојот на приватните трговски марки на „Била“, со кој дополнително го нагласуваме партнерството со бугарските производители“, додаде Георгиева.
Според плановите на компанијата, до средината на 2027 година асортиманот на брендот Običam треба да опфати повеќе од 100 производи.
Истовремено, „Била“ има цел уделот на приватните трговски марки да достигне 30% од вкупниот промет на синџирот до 2030 година.