По повод Детската недела на здравјето, компанијата „Имлек“ донираше млечни производи и опрема за Прифатилиштето за деца во Белград.
Имајќи ја во предвид актуелната пандемија, компанијата ги изненади штитениците на Прифатилиштето со чоколадно млеко и милкшејк Moja Kravica, како и средства за дезинфекција, безконтактни топломери и заштитни маски.
Големо задоволство ни е што имавме прилика, во соработка со Секретаријатот за социјална заштита на Град Белград, да ја реализираме оваа донација и да ги израдуваме децата по повод Детска недела. Оваа година е многу попредизвикувачка во споредба со сите претходни, така што сакавме на најмалите да им ја овозможиме неопходната превенција од пандемијата, како и омилените Moja Kravica млечни производи. Оваа донација е само една од низата многубројни што ги имавме досега и што ги планираме за следниот период, изјави Марија Маловиќ, регионална менаџерка за комуникации и корпоративни работи во „Имлек“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.