Регион

„Нектар“ ја проширува органската плантажа со јаболка

05 Oct 2020

Годинава компанијата „Нектар“ планира да ги зголеми насадите со органски јаболка, така што од постојните 45 хекрати во Владичин Хан ќе има дополнителни 20 хектари. 

Приносот до крајот на годината се очекува да достигне 400 тони, а во наредните години, со покриеност на сите 114 хектари органски засади, се очекува приносите да достигнат до 4.000 тони од најдобрата сорта органски јаболка. 

Органските јаболка од нашите плантажи најмногу се користат во производството на соковите Life 100%. Вака заокружениот систем на производство од српски квалитетни суровини до финален производ овозможува додадената вредност да остане во Србија. Веруваме дека ова ќе влијае не само врз развојот на органското производство во Србија, туку и врз важен дел од нашата земја, истакна Мина Тадич, директорка за корпоративни комуникации во „Нектар“.

Во опрема и садници досега се вложени 200.000 евра, а во наредните четири години ќе бидат инвестирани вкупно 500.000 евра. Целта на компанијата е да ги поттикне младите земјоделци да се вратат на село и да им помогнат така што ќе имаат сигурен откуп.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...