Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“, е избран за нов претседател на Хрватското здружение на работодавачи (ХУП).
Освен него, за истата функција се кандидираа и Михаел Фурјан, претседател на Управата на „Плива“ и Ренато Радиќ, ко-сопственик на компанијата „Прима мебел“.
Чест ми е да бидам претседател на ХУП и им благодарам на сите членови за дадената доверба. Во својот мандат ќе истраам на идеите за заедништво, колегијалност и транспарентност во работата, но и активно ќе работам на трансформација и модернизација на Здружението преку нови модели на работа и управување, изјави Пуцар по преземањето на новата должност.
Тој има мандат од три години. Според правилата, иста личност може да биде избрана за функцијата во најмногу два последователни мандати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.