Регион

Хрватска: Стопирано работењето на петтина од компаниите

26 Aug 2020

Во текот на април, компаниите во Хрватска зедоа десет милијарди куни нови заеми за финансирање на ладно работење или рефинансирање на стари заеми, што е рекорд за ново задолжување во последните пет години.

Пандемијата КОВИД-19 го стопираше работењето на скоро петтина од компаниите, особено во рамките на активностите на кои мерките за социјално дистанцирање имаат најголем негативен ефект. Во првиот месец од карантинот нивните приходи паднаа за повеќе од 90%.

Поради латентната опасност од реактивирање на исти или слични вируси, компаниите кои работат во активности за кои е потребен близок контакт со клиенти, ќе треба да ги реконструираат своите деловни модели, посочува Хрватската народна банка во Анализата на финансиската стабилност поврзана со компаниите.

За разлика од кредитирањето во текот на 2019 година, кога преовладуваа нови заеми, претежно за обртни средства и со стабилен удел на нови заеми за инвестиции, од избувнувањето на епидемијата на нови заеми за инвестициски активности, скоро и да нема.

Помеѓу 85.000 и 100.000 правни лица со скоро 600.000 вработени добиле државна помош во март, април и мај за зачувување работни места, вклучително и повеќе од 90% од микро претпријатија (компании со најмногу десет вработени). Државата одвои околу 6 милијарди куни за оваа намена.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...