Регион

„Раденска“ покрена проект „Зелена Словенија“

18 Aug 2020
Компанијата „Раденска“, во соработка со словенечкиот Завод за шуми претстави проект за садење на 10.000 нови стебла шума, во кампања што ќе се спроведува во Словенија и во Хрватска.
 
Кампањата следува откако „Раденска адриатик“ усвои одржлива стратегија, со која се обврза на зелена и подобра иднина на долг рок. Првата фаза ќе биде пошумување на Словенија, во период од август до октомври. За секое вратено шише “Раденска“ од еден литар, компанијата ќе сади дрво. 
 
Слична кампања за обнова на шумите ќе се спроведе и во Хрватска. Во соработка со Здружението на извидници во рамки на проектот „Боранка“, есенва ќе бидат засадени 10.000 стебла во најкритичните делови на Далмација, каде во минатото шумите беа уништени од разорни пожари. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...