Регион

Рускиот трговец „Мере“ влегува во Србија

19 Aug 2020

Руската трговска компанија „Мере“ влегува во Србија и планира да стане еден од најголемите трговски ланци во српската малопродажба.

„Мере“ е подружница на руската групација „Торгсервис“, основана во 2009 година, која во моментов работи на повеќе од 800 локации низ цела Русија под брендот Svetofor и е трет по големина синџир зад трговските компании „X5“ и „Магнит“. 

Досега отворивме 1.500 дисконти и работиме во 10 држави. Дојде време да го прошириме бизнисот на српскиот пазар со најмалку 100 дисконти и просечна површина од околу 1.000 квадратни метри. Планираме да работиме директно со производители, под строга контрола на квалитетот и цени пониски за 20 проценти од просечните. Клиенти на маркетите на „Мере“ се луѓе кои се грижат за своите пари и време, со просечни и пониски приходи, изјави директорот на филијалата на руската компанија во Србија за српскиот портал Retail Serbia.

Со влегувањето на германскиот пазар, „Мере“ беше принудена привремено да ги затвори своите продавници заради големата побарувачка и недостигот на стоки во залиха. Во нашиот регион, компанијата има свој пазар во Романија, а понудата на рускиот дисконт вклучува и некои српски производи.

Покрај Србија, компанијата планира да го прошири својот бизнис на грчкиот пазар. Продавниците на „Мере“ зафаќаат површина од 800 до 1.200 квадратни метри и нудат од 1.500 до 2000 различни артикли.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...