Регион

„Атлантик група“ со стабилни полугодишни резултати

28 јул 2020

Во контекст на целокупното економско нарушување предизвикано од пандемијата со Ковид-19, стратегијата и работењето на „Атлантик група“ останаа стабилни во првите шест месеци од годинава.

Во првото полугодие од 2020 година „Атлантик група“ оствари 327,9 милиони евра приход од продажба, што во споредба со минатата година претставува пад за 0,9%. Кога ќе се земе предвид дезинвестирањето од одредени сегменти во работењето во текот на изминатата година, тогаш вкупниот пад изнесува 4,5%.

Нормализираната добивка од работењето (ЕБИТ) во овој период изнесува 31,6 милиони евра и е пониска за 5,5%, додека нормализираната нето-добивка изнесува 24,2 милиони евра и во споредба со првите шест месеци лани е пониска за 3,7%. Годинешните резултати дополнително се оптеретени со 4,6 милиони евра еднократни трошоци, кои во најголема мера се однесуваат на донации и други трошоци поврзани со спречување на ширењето Ковид-19.

Кризата значително го промени работењето на многу компании и влијаеше на промените во однесувањето на потрошувачите. Благодарение на диверзифицираното портфолио со моќни брендови, „Атлантик група“ покажа дека во голема мера е отпорна на кризата и во првото полугодие оствари одлични деловни резултати, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на компанијата.

Тој додава дека мерките што беа воведени за да се спречи ширењето на пандемијата, резултирале со очекуван пад на продажбата во хорека-сегментот и на потрошувачката на производи наменети за консумација надвор од дома, како и со пад на т.н. импулсен сегмент. Сепак, негативните влијанија во голем дел беа надоместени со исклучително добрите резултати на стратешката бизнис-област деликатесни намази, синџирот аптеки „Фармациа“ и бизнис-областа Donat Mg. Оптимизирањето на деловните процеси, стабилната финансиска позиција и квалитетното стратешко управување ни овозможија да ја одржиме сигурноста на работните места, да го зголемиме задоволството и ангажираноста на вработените во новонастанатите услови преку работа на далечина и предизвикувачка работа на терен, коментира Тедески.

Тој заклучи и дека компанијата продолжува со планираните капитални инвестирања во производствена опрема и дигитализација на работењето.

Најголем пораст забележале Argeta, Donat Mg, како и клучните пазари во ЕУ. Порастот на деликатесните намази изнесува 21,4%, додека на Donat Mg – 2,5%. Кафето со 66,8 милиони евра остварен приход од продажба (20,4% од вкупните приходи), се истакнува како најголема поединечна категорија. Во првата половина од годината, сегментот кафе забележа пад од 6%, како резултат на контракциите на приходите од хорека-каналот.

Меѓу пазарите со најзначаен пораст се истакнале Словенија, Македонија и Косово, а забележителен пораст постигнале и клучните пазари во ЕУ, особено Австрија и Швајцарија. Сопствените брендови сочинуваат 64% од вкупната продажба, а принципалските брендови за дистрибуција 26,8%. Синџирот аптеки „Фармациа“ сочинува 9,2% од вкупните приходи.

Благодарение на стабилната финансиска позиција, преку зачувување на работните места и платите, „Атлантик група“ можеше активно да се вклучи и да даде помош во борбата против коронавирусот, преку донација на вкупно 3,7 милиони евра, се наведува во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Растат приходите на „Меркатор“ и покрај пандемијата

01 сеп 2020

„Нестле“ ја продолжи кампањата „ЗдравоРастеме“

01 сеп 2020

Сопственикот на „Виолета“ вложува 10 милиони евра во „Ласта“

01 сеп 2020

ЕК ја одобри концентрацијата на „Фортенова група“ и „Меркатор“

01 сеп 2020

„Хофер“ - Словенија собра 13.000 евра за прочистување на словенечките води

01 сеп 2020

Словенија го загуби „винскиот“ спор против Хрватска

01 сеп 2020
Вчитува уште новости...