Околу 70 отсто корисници на платежни картички во Србија купуваат производи и услуги преку интернет. Од нив, 44 отсто потрошувачи купуваат по неколку пати месечно, 45 отсто купуваат по неколку пати годишно, а 7 отсто - нарачуваат онлајн неколку пати неделно, покажа регионалното истражување на компанијата „Виса“ во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“.
Како главни причини зошто се одлучуваат за онлајн трговија, купувачите ги наведуваат заштеда на време, сигурност, брзина, како и фактот дека за кратко време можат да најдат и да споредат повеќе понуди. Повеќе од третина од нив како одлучувачки фактори навеле и пониски цени (61 отсто) и попусти (56 отсто). Некои производи се достапни за купување само преку интернет, додека во исто време онлајн понудата овозможува поголем избор производи и услуги.
Облека и обувки се артикли кои најмногу се купуваат онлајн(65 отсто), додека 37 отсто граѓани преку интернет плаќаат режиски трошоци, а 31 отсто набавуваат мали апарати за домаќинство и козметички производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.