Компанијата „Кромарис“, дел од групата „Адрис“, оствари рекордна продажба во јуни, односно продала 956 тони риба и преработени производи, што е за 18% повеќе во однос на истиот период во 2019 година, објави компанијата.
Постигната е повисока продажна цена за 2%, така што приходите од продажба се повисоки за околу 20% отколку во јуни 2019 година.
Како што посочуваат „Кромарис“, заради влијанието на кризата предизвикана од коронавирусот, оствари нешто пониска продажба од минатата година, но, благодарение на порастот на продажните цени од два проценти, се очекуваат приходи на ниво од минатата година.
„Кромарис“ успешно ги надмина негативните трендови во продажбата предизвикани од кризата, достигнувајќи голем пораст на продажбата во текот на јуни, рече Горан Маркулин, директор на компанијата.
Како што истакнува Маркулин на почетокот на 2020 година, „Кромарис“ заземаше 3,12 проценти од пазарниот удел на светската медитеранска рибна индустрија и е на вистинскиот пат да го зголеми уделот и во иднина.
Извозот на компанијата опфаќа повеќе од 80 проценти од вкупната продажба, а главен извозен пазар е Италија, каде заедно со Швајцарија и Австрија во првиот дел од оваа година е постигнато значително зголемување на пазарните удели.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.