Регион

Србија: Задолжително носење маски во затворен простор

30 јун 2020

Кризниот штаб на вчерашната седница донесе нови мерки за борба против пандемијата со коронавирусот.

Новите мерки што беа препорачани од Кризниот штаб, а Владата на Србија ги прифати, подразбираат носење маски во градскиот превоз и во затворен простор. Носењето маски е задолжително од денеска, од 6 часот наутро, а за тие што не ја почитуваат оваа мерка, предвидени се казни.

Денеска и утре, Кризниот штаб таксативно ќе предложи критериуми врз основа на кои ќе може да биде прогласена вонредна состојба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...