Брендот Plazma на компанијата „Бамби“ за потрошувачите на Србија лансираше лимитирана серија - Plazma во кирилично пакување (Плазма).
Имено, брендот учествува во акцијата што ја покрена компанијата ДИС, „Домашна задача: Купи домашно“ во која покрај трговскиот синџир, учествуваат уште неколку домашни брендови. Додека трае кампањата, амбалажа од производите ќе биде поставена на посебно креирани позиции кои се брендирани со кирилични букви, додека потрошувачите во маркетите на ДИС можат да купат лимитирано, ексклузивно кирилично пакување „Плазма“.
Ги повикуваме потрошувачите на Србија во следниот период да ги посетат објектите на ДИС и за да купат единствена Plazma во кирилично пакување, објави „Бамби“ на официјалната страница на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.