Регион

„Меркатор“ белижи пораст на приходите и профитот во првиот квартал

29 May 2020

Приходите од продажба на групацијата „Меркатор“, во првите три месеци од 2020 година, се зголемени за 10,8% во однос на истиот период минатата година и изнесуваат повеќе од 530 милиони евра.

Во овој период, групацијата забележа 14,1% повисок приход од малопродажбата и 11,1% пораст во нормализираната ЕБИТДА. „Меркатор“ го заврши првиот квартал на 2020 година со нето-добивка од 1,1 милиони евра, што е за 4,8 милиони евра повеќе отколку во истиот период минатата година.

Томислав Чизмиќ, претседател на Управниот одбор на „Меркатор“ истакна: Позитивните деловни трендови, како во однос на приходите, така и со ЕБИТДА и профитот, се резултат на успешно спроведената тратегијата за бизнис-диференцијација и сите 125 иницијативи од оперативниот план за ефикасно работење на сите пазарни групи. Веќе на почетокот на деловната 2020 година, успеавме да воспоставиме силен позитивен тренд на деловните перформанси и профитабилност. Навремената и одговорна подготовка за променетата состојба во моментот почнувањето на пандемијата, овозможи групацијата да продолжи со позитивните трендови во работењето.

Без оглед на работењето за време на кризата, „Меркатор“ продолжи со сите активности кои се клучни за понатамошен и долгорочен успешен развој, а продолжи и со проектот за изградба на нов логистички центар во Љубљана. Исто така, компанијата продолжи да ја проширува и обновува својата деловна мрежа. За понатамошен развој и нов инвестициски циклус на „Меркатор“, потребно е да се обезбеди стабилна сопственост, односно трансфер во „Фортенова“, се вели во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...