Регион

„Хенкел“ во Словенија одбележува 30 години работење

18 May 2020

На денешен ден, пред 30 години, претставници на „Товарна Златорог“ и „Хенкел“-Австрија потпишаа договор за основање заедничко претпријатие, а компанијата „Хенкел Марибор“ се разви во еден од најважните производни центри на „Хенкел“. 

Оваа компанија е еден од најважните столбови на економскиот развој во регионот и еден од најголемите работодавачи во регионот, со повеќе од 700 вработени. Горди сме на напредокот што го остваривме во минатите три децении, соопштија од компанијата. 

„Хенкел Марибор“ кој работи во рамки на „Хенкел група“ е една од најважните производствени локации во синџирот снабдување со програмата „нега и убавина“. Тука секоја година се произведуваат над 250 милиони производи и се дистрибуираат ширум светот. 

Поради актуелната ситуација со пандемијата, планираната прослава на јубилејот се одложи за наесен. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...