Со летови за Франкфурт и за Цирих на 21 мај, националниот српски авиопревозник „Ер Србија“ ќе почне да го обновува редовниот патнички сообраќај, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Од следната недела, компанијата ќе има летови за Лондон и за Виена, со што ќе биде продолжено поврзувањето на Белград со градовите во Европа.
Бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите до кои „Ер Србија“ лета.
Од компанијата информираа дека истовремено работат и на обновување на регионалните линии и многу брзо ќе биде познат распоредот за овие линии.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.