Регион

Словенија ги отвора аеродромите

12 May 2020

Словенечката влада одлучи повторно да го отвори редовниот и чартер-превоз на патници на меѓународните авионски линии во рамките на ЕУ и со трети земји, но сообраќајот на словенечките аеродроми ќе почне на почетокот на јуни.

Ја поздравуваме одлуката на владата затоа што попуштањето на досегашните мерки е од суштинско значење за авиокомпаниите за да може оперативно да ги планираат идните летови. Повеќето авиопревозници ги откажаа летовите на нашиот аеродром до крајот на мај. Сепак, ние деновиве забрзано се подготвуваме да ги примиме првите патници и безбедно да го почнеме патничкиот сообраќај, наведува германскиот оператор „Фрапорт“, кој управува со љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“, во соопштението за јавност.

Се очекува дека ќе остане во сила епидемиолошката мерка според која на патниците што пристигнуваат во Љубљана со авион, ќе им се мери телесната температура, а во врска со тоа и други здравствени прашања „Фрапорт“ е во контакт со словенечкото Министерство за здравство.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...