Македонската компанија „Виталиа“, во соработка со Републичкиот фонд за здравствено осигурување на Србија, донира пакети со здрава храна за медицинскиот персонал и пациентите сместени во привремената болница за Ковид-19 на Белградскиот саем.
Освен тоа, донирани се и нови постелнини за потребите на Клиниката за инфективни болести во Белград.
Должност ни е да се грижиме за медицинскиот персонал, без одглед дали се тоа лекари, медицински сестри или други здравствени работници, како што најдобро умееме. Со пакетите со здрави производи ќе им помогнеме да ја одржат добрата психофизичка кондиција, која им е неопходна во борбата со вирусот, истакнуваат од „Виталиа“.
Во соопштението се додава дека и покрај пречките предизвикани од Ковид-19, „Виталиа“ вложува максимални напори за непречено и безбедно производство.
Претходно, македонската компанија преку Црвениот крст на Србија обезбеди пакети здрава храна за најзагрозените групи граѓани.
Слични општествено одговорни активности „Виталиа“ реализира и во Македонија. Беа донирани заштитна опрема и пакети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје, како и пакети за социјално загрозените граѓани преку Црвениот крст на Македонија. Истовремено, компанијата го исплати и данокот на добивка за 2020 година, во износ 7.002.194 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.