Регион

„Кауфланд“ во Хрватска претстави сопствена марка јадливи инсекти

06 May 2020

Трговскиот синџир „Кауфланд“ во Хрватска претстави сопствена марка јадливи инсекти. При промоцијата од компанијата порачаа дека милијарди луѓе ширум светот јадат инсекти во различни облици. 

Трговецот прво го рекламираше новитетот на лифлети „Наместо чипс, загризете инсект, наместо месо на жар, пробајте бургер од инсекти“. Асортиманот вклучува крцкави инсекти со зачини, бургер од инсекти, како и протеински колачи од цвекло, бадеми, чоколади или кафеав шеќер. „Кауфланд“ набави инсекти од различни производители од цела Европа, главно од производителите од Финска, Данска и Франција. 

Трговецот ги претстави новите производи како „здрави, еколошки и нутритивно хранливи“. 

За производство на еден килограм инсекти потребно е литар вода и се создава еден грам јаглероден диоксид, додека за производство на еден килограм говедско потребни се 22.000 литри вода и 2.850 грама јаглерод диоксид, порачаа од „Кауфланд“. Покрај тоа, наведуваат од компанијата, 100 грама говедско содржи 19,4 грама протеини, додека 100 грама инсекти содржат во просек по 69 грама протеини. 

Минатата година, дисконтерот во соработка со компании од Германија почна да продава тестенини и житарки од јадливи инсекти. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...