Регион

„Идеа“ донира 10 тони производи на Црвен крст

26 Apr 2020

Компанијата „Меркатор“ – ЦГ, во чиишто рамки работат продавниците „Идеа“, донира 10 тони производи на Црвениот крст на Црна Гора.

Станува збор за донација на основни животни продукти, кои „Меркатор“ – ЦГ ги подготви во согласност со потребите и препораките на Црвен крст.

Јелена Додеровиќ, директорка за маркетинг во „Меркатор“ – ЦГ, вели дека оваа донација е уште еден израз на социјалната одговорност, како важен столб во работењето на компанијата.

Ги продолжуваме хуманитарните активности, така што откако дониравме на Националното координативно тело за инфективни заболувања за набавка на респиратори, донираме и за Црвениот крст на Црна Гора. Основните животни продукти ќе бидат доставени низ целата земја и сигурни сме дека тие ќе пристигнат во вистинските раце, благодарение на Црвен крст, рече таа.

На веб-страницата на компанијата се наведува дека „Меркатор“ – ЦГ почнал голем број активности во претходниот период, за поддршка на вработените преку бонуси и предвремено плаќање на платите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...