„Бадел 1862“ им понуди на келнерите, шанкерите и готвачите можност да го искористат своето време додека неработат за да ги усовршат и да ги надоградат своите знаења. За само една недела пристигнаа повеќе од 1.700 пријави.
Угостителството и туризмот се меѓу секторите што се најпогодени од тековната криза и ситуацијата предизвикана од пандемијата COVID-19. Со цел да се поддржи големиот број келнери и бармени и други стручни лица за гостопримство кои деновиве се дома без можности за работа, Бадел 1862 почна бесплатна платформа за едукација и обука преку интернет за сите што работат во овие сектори.
„Бадел 1862“ соработува со секторите за туризам и угостителство и ние сакавме да им помогнеме на некој начин. Решивме да им овозможиме на сите што работат во оваа индустрија да бидат дополнително образовани сега кога имаат повеќе слободно време. И очигледно тоа им е потребно затоа што за само една недела од отворањето на повикот добивме повеќе од 1.700 апликации, што е најдобра потврда дека оваа иницијатива е добредојдена, рече Вања Бартолец, директор за маркетинг во „Бадел 1862“.
Сите апликанти ќе имаат можност, во период од четири недели, да ги подобрат своите знаења и вештини во областа на знаење и служење на жестоки пијалаци, вино и коктели, како и од областите кулинарство и психологија на потрошувачите.
Обуката е дизајнирана така што апликантите ќе добијат пристап до видео-материјали преку кои ќе научат од најдобрите во секоја категорија, а за практично решавање на проблемите и тестирањето на теоретското знаење учесниците ќе бидат вклучени во онлајн-платформата „Бадел Мастерклас“.
Учесниците кои ќе ги положат завршните тестови ќе добијат сертификат што ќе можат да го вклучат во нивните CV-а, а најуспешните ќе бидат наградени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.