Регион

„Горење“ отпушта 2.200 вработени

23 Apr 2020

Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“ поради кризата предизвикана од корона вирусот, отпушти 2.200 вработени.

Оваа одлука компанијата ја донесе на вонредниот состанок одржан во среда, а причината за одлуката е намалената побарувачка поради пандемијата.

Од вкупно 2.200 луѓе што ќе бидат отпуштени, 1.000 се во Словенија, а другиот дел во останатите држави, каде компанијата работи.

Во април минатата во оваа компанија беа вработени 9.300 работници. „Горење“ има свои фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година ја презеде кинеската компанија „Хајсенс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...