Регион

По двонеделна пауза, „Хенкел“ пак почна производство во Крушевац

16 Apr 2020

„Хенкел“ повторно го почна производството во фабриката во Крушевац, откако истата ја затвори пред две недели, поради тоа што кај неколку работници беше откеиено присуство на вирусот. 

Нашата компанија ги презема сите заштитни мерки, и секојдневно ја следи здравствената состојба на своите вработени за да биде во можност да реагира на најдобар начин во вакви ситуации, соопштија од „Хенкел“. 

Работните и заедничките простории секојдневно се дезинфецираат, на влезот во фабриката на секого му се мери температура, а се преземаат и други мерки. 

Засега нема информација колку точно работници се во самоизолација. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...