Фондацијата „Алибаба“ ѝ донира на Србија маски, респиратори, заштитна облека и визири како поддршка во борбата против Ковид-19.
Станува збор за заштитна опрема која стигна во Србија благодарејќи на основачот на „Алибаба“, компанија за интернет трговија и технологија. Оваа донација е една од низата доброволни иницијативи на оваа фондација, со цел да се испорача медицинска опрема во областите ширум светот кои се најмногу погодени од вирусот.
Фондацијата исто така финансира научни истражувања за лекување на вирусот во Кина, на Институтот „Питер Доерти“ во Австралија и на Универзитетот „Колумбија“ во САД.
Фондацијата „Алибаба“ беше основана во 2011 година, со цел да ги поттикне луѓето да се вклучуваат во филантропија и вистински да придонесуваат кон општеството и кон природата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.