Регион

„Имлек“ не ги намалува откупните цени

01 Apr 2020

Компанијата „Имлек“ соопшти дека во период на новонастанатата ситуација во земјата нема да ги намалува откупните цени на млекото од своите кооперанти.

Од компанијата соопштија дека нема да има намалување на откупеното количество млеко. Како и досега, „Имлек“ ќе продолжи со редовно собирање на млекото од своите фармери.

Млекарницата соработува со околу 4.000 фармери-кооперанти на територијата на Србија, а дневниот откуп на млеко е околу милион литри.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...